ЕРА ПАРФЕМ ЗА ЖЕНИ

 

ЕРА ПАРФЕМ ЗА ЖЕНИ

 

Деликатна свежина што ве опкружува и трае цел ден.

Мистична, Цветна, Сензуална, Егзотична

ЕРА парфемот за жени е модерен мирис со егзотична цветна хармонија. Гламурозен и восхитувачки, кој носи еден нов концепт на женственост. Оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност.

Егзотичната и сензуална нота на анасонот кој се користи најмногу на Блискиот исток, Италија и Индија му дава на парфемот интензитет и специфика, сето тоа надополнето со свежина и енергична привлечност на коријандерот. Нежната арома од гарденијата му ја дава романтичната страна на парфемот. Слатката арома на ванилата и орхидејата е усогласена со остриот цветен мирис на медитеранската роза и силниот јасмин што поттикнува на љубов и смиреност. Фрезијата ја засилува слатката нота на парфемот, надополнета со свежината на зелената мандарина. Основната нота на парфемот е освежена со пачули од семејството на нането и ветиверот што му дава особена острина на мирисот.

 

Топ ноти: анасон, цвет од зелена мандарина, гарденија, фрезија
Средни ноти: медитеранска роза, јасмин, коријандер, орхидеја
Основни ноти: ветивер, пачули, ванила