
ЕРА Компанија
ЕРА Компанијата е создадена како иновативен проект за природна козметика.
Производите се резултат на долгорочно истражување и посветена работа на најдобриот тим на технолози, произведени од најпознатите фабрики во Европа. Зората на новата ера во козметиката започнува со лансирање на двата парфеми ЕРА- за мажи и за жени, два многу уникатни мириси кои произлегуваат од потрагата по совршенство. Елена и нејзиниот тим работат и на други козметички производи со највисок квалитет кои ќе бидат лансирани наскоро.
"Мирисните ноти ги изнесуваат од вас вашите најнегувани сеќавања, кои инспирираат да живеете во сегашноста и ве прават оптимистични за иднината. Секогаш бидете лојални на вашите соништа и тежнејте кон квалитет и совршенство, без разлика на времето и напорот потребен за истите. Се надевам дека оваа приказна ќе ги инспирира
и мотивира сите да си ги остварат своите соништа “.
од Елена Ристеска